Тајмаут
ВИДЕО: Пирло го напушти интервјуто по провокативното прашање
Поранешниот италијански фудбалер Андреа Пирло ќе го следи Светското првенство во Русија, но сигурно му е жал што ја нема неговата селекција на Италија.
Италија за прв пат од 1958 година не успеа да се квалификува на Мундијалот, што беше голем шок за сите на Апенините. Пирло призна дека ќе биде во Русија и ќе ги следи натпреварите на самото место, но јасно е дека му е жал што нема да има можност да ја следи неговата земја.
Пирло учествуваше во рекламата на „UberEats“ која многу ги збуни оние кои ја видоа. Имено, на почетокот се чини дека новинарот намерно го провоцираше Пирло со прашањето за Италија, поради што го напушти овој разговор, но на крајот се покажа дека сето тоа е само реклама.
“Што мислите за шансите на Италија во Мундијалот? Сигурно со тебе во тимот имате многу шанси. Дали се возбудени што ќе играш на Светското првенство во Русија”, праша збунетиот новинар