Кошарка
ВИДЕО: Победа за Пеликанс, Ентони Дејвис без конкуренција најдобар на центарска позиција
Њу Орлеанс Пеликанс славеа на гостувањето кај Њујорк Никс иако Никс имаа водство скоро цел натпревар.
Пеликанс излегоа како победници од вчерашниот натпревар против Њујорк Никс по едно продолжение, со резултат 123:118.
Во текот на целиот натпревар Никс го имаа водството и изгледаше дека ќе стигнат до победа пред своите навивачи во Медисон Сквер Гарден, но Ентони Дејвис мислеше поинаку. Тој забележа 48 поени и 17 скока, и заедно со Џру Холидеј и Демаркус Казнс беше најодговорен за победата на Пеликанс.
Играчите на Никс одиграа добар натпревар, но не го крунисаа тоа со добар крај, откако испуштија водство кое во еден момент изнесуваше 15 поени. Кристапс Порзингис постигна 25 поени, а исто толку постигна и Тим Хардавеј Џуниор, додека Енес Кантер забележа 18 поени и 10 скока.