Кошарка
ВИДЕО: Победникот на Ол-Стар забивањето „куцаше“ преку Шекил
Кошаркарот на Оклахома, Хамиду Диало победи на натпреварот во забивање на Ол-стар викендот откако го прескокна Шекил Онил и монструозно заби.
И овој натпревар во забивање не донесе нешто иновативно, веќе видени идеи од минатото. Најдобар беше Диало од Оклахома.
20-годишниот кошаркар изведе три добри забивања а победи со она во кое го прелета Шекил Онил.
Покрај него учествуваа Џон Колинс од Атланта, Мајлс Бриџс од Шарлот и Денис Смит Џуниор од Њујорк.
Во финалето Диало за осум бодови го победи Смит Џуниор.