Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Полна сала Македонци – Шведска добро го памети натпреварот во Ниш

Нашата репрезентација првиот натпревар од Мундијалот го игра вечерва против Шведска (20:30 часот).

Пред 9 години Македонија имаше шанса за голема победа над Шведска, на Европското првенство во Србија.

Поточно, на 15 јануари 2012 година пред полната сала во Ниш, каде македонските навивачи беа најгласни но пропуштивме голема победа против Шведска, на крајот ремизиравме 26:26.

Вечерва ќе биде одлична можност да ја совладаме Шведска, бидејки доаѓаат со 9 играчи помалку.