Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Полска почна да слави победа, а потоа следуваше неверојатен гол од 15 метри, каква луда завршница

Неверојатна завршница на ЕП во ракомет на мечот Полска- Русија, на кој немаше победник и заврши 29:29. На три секунди до крајот Полска постигна гол за 29:28 и почнаа да слават победа. Но, веднаш по голот селекторот на Русија побара тајм-аут, па на три секунди до крајот на мечот, Русите тргнаа од центарот. Веднаш штом тргнаа од центарот Косоротов ја зема топката, тргна напред и распали, погоди од 15 метри за реми.

Сепак, по мечот има реакции бидејчи Косоротов направи чекори, а судијките, сестрите Бонавентура кои ја делеа правдата на овој меч не го видоа тоа.