Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Портланд и Лилард во последна четвртина направија серија 14-0 за победа над Пејсерс

Индијана Пејсерс беа поразени со 86:100 во дуелот со Портланд Трејл Блејзерс. На малку повеќе од минута пред крајот на третата четвртина Пејсерс имаа водство од 74:68, но од тој момент до девет минути од последната делница Портланд направи серија од 14:0 за водство од 82:74 кое не го испуштија до крајот.

Виктор Оладипо и Дарен Колисон со по 23 кошови беа водечки играчи кај Индијана, додека кај Портланд најдобар беше Лилард со 26 погодоци и 8 асистенции.