Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Последниот од истокот против последниот на западот, Сакраменто подобар од Орландо

Сакраменто Кингс забележаа победа над Орландо Меџик на натпреварот помеѓу екипите кој се последни во своите конференции со резултат 99:105 .

Гарет Темпл постигна 19 од своите вкупно 34 поени во последната четвртина за победата на кингс, а Вили Кулеј-Стејн додаде 21 кош и 9 скокови. Ивен Фурение ги предводеше Меџикс со 22 погодоци, а Илфрид Пејтон додаде 21 поен со по 7 асистенции и скокови.