Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Постигна гол и му покажа среден прст на соиграчот

Фламенго го победи Коринтианс со 3:0 синоќа на „Маракана“ во Рио, а мечот го одбележа Визеу кој по постигнувањето на третиот гол му покажа среден прст на неговиот клупски колега Родолфо.

Непримерната реакцијата на Визеу дојде, откако претходно во текот на натпреварот двајцата домашни фудбалери се кошкаа и за малку не дојде до новна физичка пресметка.

По 36 кола во бразилската Серија А, Фламенго е на 6. Место со 53 бода, Коринтијанс е убедливо прв со 71 бод.