Тајмаут
ВИДЕО: Потресна порака на поранешниот фудбалер – „Ова ќе биде мојата последна вечер“
Фудбалот има величествени моменти. Но, има и драматични кои ни го кинат срцето. Сега се случи еден таков.
Фернандо Риксен, поранешната фудбалска звезда на Гвазгов Ренџерс, објави снимка после шест годишна борба со болеста на моторните неврони. Во 2013. година му беше дијагностицирана амиотрофична литерална склероза, неуродегенеративно пореметување во кое доаѓа до пропаѓање на нервните ќелии на мозокот и ’рбетниот мозок.

Снимката е направена во болницата Свети Андреј, а во неа 42-годишниот Риксен ги повикува своите навивачи да дојдат на хуманитарната вечер која ја нарече „последна во животот“, а приходот од ова ќе оди за помош на болните од оваа болест.
Зборувајќи со помош на апаратите Риксен порача:
On tonight’s @itvnews at 6.30pm Fernando Ricksen admits he will make his “last appearance” in public later this month.
The search for a Motor Neuron Disease cure is too late for him, but the Dutch ex footballer’s goal is to give others a chance against this killer disease. pic.twitter.com/5JGh1DiuQm
— Peter A Smith (@PeterAdamSmith) June 10, 2019
„Поздрав. Имам посебна вечер 28. јуни. Поради тоа што ми станува се’ потешко, тоа ќе биде мојата последна вечер. Дојдете и направете тоа да биде вечер за помнење. Се надевам дека ќе се видиме наскоро“, рече поранешниот играч на Фортуна Ситард, АЗ Алкмар, Ренџерс и Зенит кој во текот на кариерата 12 пати настапи за репрезентацијата на Холандија.

Риксен во дресот на Ренџерс. од 2000. до 2006. година освои две титули, три Лига Куп и дава Куп Шкотска.
Спомнатата хуманитарна акција ќе биде одржана во еден хотел во Глазгов а влезниците ќе чинат 70 фунти, односно околу 85 евра.