Други спортови
ВИДЕО: Повторно проблеми со Циципас, сега успеа да го изнервира Фоњини
Стефанос Циципас се пласираше во осминафиналето на Мастерсот Индијан Велс, откако славеше против италијанскиот тенисер Фабио Фоњини. Циципас славеше со 2:6,6:3,6:4, но мечот ќе остане запомнет по новиот инцидент на грчкиот тенисер.
Претходно, фаворитската улога ја потврди и Данил Медведев против Крајиновиќ (2-0), па главните претенденти за трофејот го продолжија патот на турнирот во Соединетите Американски Држави.