Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Прекрасен лоб од Вилијан за бод против Ливерпул

Ливерпул и Челзи денеска одиграа нерешено 1-1 во дербито на 13. коло од англиската Премиер лига на „Енфлид роуд“.

Голот за водство на Ливерпул го постигна Мохамед Салах во 65. минута, а резултатот ги изедначи Вилијан на пет минути пред крајот на натпреварот.

Челзи е на трето место со 26 бодови, три помалку од Манчестер Јунајтед, а дури седум зад водечкиот Манчестер Сити кој има и натпревар помалку.

Ливерпул е петти со бод помалу од Тотенхем, односно еден повеќе од Арсенал и Барнли кои утре ќе играат меѓусебе.