Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Проблеми во соблекувалната на Барса, за овој момент зборува цела Шпанија

Нешто не е во ред во Барселона. Шпанските медиуми пишуваат дека има проблеми во соблекувалната. Каталонскиот тим го доби мечот со Славија Прага со 2:1, но изразот на лицата на фудбалерите и тренерот, иако ги однесоа трите бода, сепак зборува дека не владее идеална атмосфера.

Моментот снимен по голот за 1:1 на Славија Прага, кога Меси упати „смртоносен поглед“ кон тренерот Валверде, дополнително ги подгреа шпекулациите дека не оди како што треба.

„Масло на огнот“ долеа и голманот Тер Штеген кој изјави дека треба да се погледнат сите во очи и да разговараат за некои работи.

Дури одредени шпански медиуми пренесоа дека од соблекувалната по мечот се слушнале и коментари „Вака ако продолжиме нема да ја освоиме Лигата на шампионите“.

Барселона е лидер во Шпанија со 19 бодови, меѓутоа од 9 меча има два порази и едно реми. Нивната игра секако не е онаа од претходните сезони. Во ЛШ лидери се во групата со 7 бода, три повеќе од Интер и Борусија Дортмунд, а Славија Прага има еден бод.