Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Продолжува кризата во Наполи, Болоња преку пресврт до победа

Наполи веќе шести меч во низа нема победа во Серие А. Така беше и денеска, иако со голот на Љоренте во 41.минута поведе со 1:0 против Болоња. Сепак, гостите со два гола во вториот дел, направија пресврт и ги однесоа трите бода.

Сков Олсен во 58-та  и Сансоне во 80-та се погрижија за пресвртот и трите бода. Болоња е 12-та на табелата со 16 бодови, додека Наполи се повеќе тоне и во моментов се на седмото место со 20 бодови.

Во 65 минута, Елиф Елмас беше повлечен од игра, место него влезе поофанзивниот Мертенс.

Резултати Серие А.

Недела:

Јувентус – Сасуоло 2:2

Интер – Спал 2:1

Лацио – Удинезе 3:0

Парма – Милан 0:1

Наполи – Болоња 1:2

20:40 ч. Верона – Рома

Сабота:

Бреша – Аталанта 0:3

Џенова – Торино 0:1

Фиорентина – Лече 0:1

Понеделник:

Каљари – Сампдорија

Standings provided by Sofascore LiveScore