Фудбал
ВИДЕО: Пронајдов ангели чувари, Михајловиќ плачеше на прес конференцијата
Четири месеци откако беше обелоденето дека боледува од леукемија и по три хемотерапии, тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ се појави на прес конференција.
Во негово друштво беше и специјалист од болницата во Болоња. Голема поддршка цело време имаше од фудбалерите, навивачите, но и раководството на тимот. На прес конференцијата присуствуваа сите фудбалери.
-Зарем не треба да сте на тренинг, се пошегува Михајловиќ кога ги виде.
Тој се заблагодари на сите оние кои му давале поддршка. Емоциите беа преголеми, па Михајловиќ не издржа и заплака.
-Извинете, емоциите се посилни од мене. Извинете што плачам. Пронајдов некои ангели чувари, кои психолошки ми помогнаа. Тие се најзначајните, без нив не би успеал, порача Михајловиќ.