Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Прославата во Торонто излезе од контрола – „Навивачите“ искршија полициски автомобил

Торонто Рапторс ја освои првата титула на НБА по победа во „Оракле Арена“ во шестата финална серија над Голден Стејт.

Рапторс славеа со 114: 110 и вкупно 4:2 и стигнаа до титулата. Тоа беше знак дека прославата во Торонто може да започне.

Илјадници навивачи излегоа на улиците на овој канадски град и почнаа да слават.

Во Торонто по натпреварот имаше одлична атмосфера, се забавуваа навивачите на Рапторс, но, се разбира, ги имаше и оние кои отидоа предалеку.

Поединци ја искористија толпата за да го истакнат својот бес на рекламите, зградите, автомобилите, сообраќајните знаци, експонатите.

Некои отидоа толку далеку и превртеа две паркирани полициски возила.

Има видео кое покажува како непознати луѓе разбиваат стакло на прилично лошо оштетен полициски автомобил.

Еден од “разбивачите” се обидел да ја скрши шофершајбната на полицискиот автомобил, па дури “документирал” со камерата од неговиот мобилен телефон …