Ракомет
ВИДЕО: Првиот гол на Лазаров во дресот на Македонија, пред 22 години, токму во Египет
Судбината сакаше, Кире Лазаров инаму каде што дебитираше во националниот дрес, веројатно и да ја заврши репрезентативната кариера. Тој пред неколку месеци најави повлекување, а поради откажувањето на Чешка, Македонија ќе игра на СП во Египет. Токму таму, пред 22 години, нашиот најдобар ракометар дебитираше во националниот дрес. За прв пат, како 19-годишник доби повик за настап. Првиот меч, но и првиот гол го постигна против селекцијата на Саудиска Арабија.
На тој меч Македонија славеше со 28:21. Тоа беше практично единствената победа за нашата селекција, која на крајот како 18-та заврши на Мундијалот. Кире Лазаров практично како најмлад во таа селекција тогаш, го постигна последниот гол, односно го постави конечниот резултат 28:21 и тоа во последната секунда од мечот. Тоа воедно беше и прва победа за македонската ракометна репрезентација на едно вакво натпреварување.