Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Првиот натпревар во Лига Европа сезонава беше решен во 91. минута

Вчера започна и сезоната во Лигата на Европа, играа Спартак Москва и Легија кои имаат изедначен дуел.

Натпреварот беше решен во судиското продолжение и тоа во корист на екипата од Варшава. Во најголем дел од натпреварот фудбалерите на рускиот тим беа подобри, но не ја искористија доминацијата на теренот, а на крајот ги стигна казната.

Гостите од Полска во последните минути дојдоа до една добра ситуација и го решија натпреварот преку Лирим Кастрати во 91. Минута. Така си освоија важни три бода.

Наредните натпревари од воведното коло во ЛЕ се на програмата денеска.