Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Прво Салах, сега Стерлинг – што се случува со Рамос?

Во натпреварот на Шпанија – Англија имаше доста тензија, доста груби стартови, а се истакна и оној на Серхио Рамос над Рахем Стерлинг.

Рамос никогаш не бил казнет затоа што очигледно работи „паметно“. Многумина тврдат дека намерно го фаулирал Мохамед Салах во финалето од Лигата на шампионите, а сега се обиде да го повреди и Рахем Стерлинг.

Рамос го нагази Стерлинг додека лежеше на тревата, но секако тоа не го виде судијата, па стоперот на Реал Мадрид и овој пат се извлече.