Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Ракометарот на СП во Египет за кого пишува целиот свет тврди дека има „само“ 89 килограми

Готје Мвумби, ракометар на селекцијата на Конго е хит на Светското првенство во Египет. За овој пикер пишуваат сите светски медиуми. Причината не се неговите добри партии, туку неговата конституција. Имено, тој е веројатно најголемиот играч на Мундијалот во Египет.

На официјалната страница на Мундијалот пишува дека тој е висок 176 сантиметри и дека има само 89 килограми. Во тимот во кој настапува, францускиот второлигаш Друкс велат дека има 110 килограми. Сепак, според видеата и фотографиите во споредба со другите играчи се чини дека има повеќе.