Фудбал
ВИДЕО: Рашфорд го расипа „кам-бекот“ на Мурињо на „Олд Трафорд“, Јунајтед го скокна Тотенхем
Манчестер Јунајтед славеше со 2:1 во дербито на колото во Премиер лигата против Тотенхем. Рашфорд со два гола, од кои едниот од пенал, му го расипа кам-бекот на Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“.
Тотенхем преку мајсторијата на Деле Али успеа само да постигне гол, оној за 1:1, но подоцна Рашфорд ја потврди поведата на Јунајтед.
Со оваа победа „Црвените ѓаволи“ го скокнаа Тотенхем на табелата. Сега се шести со 21 бод, а Тотенхем со еден помалку е на осмото место. Веќе во сабота Јунајтед го очекува градското дерби против Манчестер Сити.
Премиер лига резултати:
Среда:
Челзи – Астон Вила 2:1
Лестер – Вотфорд 2:0
Манчестер Јунајтед – Тотенхем 2:1
Саутемптон – Норич 2:1
Вулверхемптон – Вест Хем 2:0
Ливерпул – Евертон (вечерва)
Вторник:
Кристал Палас – Борнмаут 1:0
Барнли – Манчестер Сити 1:4
Четврток
Шефилд – Њукасл
Арсенал – Брајтон