Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Рашуал Батлер загина во сообраќајна несреќа

Рашуал Батлер, чиј последен тим беше Сан Антонио Спарс, почина во сообраќајна несреќа заедно со неговата жена. Сообраќајната несреќа се случила во Калифорнија, денеска рано наутро по локално време.

Батлер загубил контрола над возилото, удрил во паркинг-метар и удрил во ѕид, по што автомобилот се превртел. Според локалната полиција, автомобилот се движел со брзина над дозволената пред да се преврти.