Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реакцијата на Мурињо за момчето задолжено за враќање на топките кое „асистираше“ за погодокот на Хари Кејн

Реакцијата на Жозе Мурињо кон момчето задолжено за враќање на топките во теренот на мечот Тотенхем-Олимпијакос стана хит на социјалните мрежи. Имено, при една акција, топката излезе во аут, момчетно експресно реагираше, Тотенхем организираше брз напад и постигна гол за 2:2.

Подоцна тимот од Лондон славеше со 4:2 и обезбеди пласман во нокаут фазата во ЛШ.

Жозе Мурињо отиде и го гушна момчето заблагодарувајќи му се за неговата брза реакција.