Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал Мадрид го победи Алавес, мечот траеше безмалку 100 минути

Реал Мадрид малку потешко од очекувањата славеше на гостувањето кај Алавес со 2:1. По првите 45.минути без голови, по само десетина минути игра во вториот дел Рамос му донесе водство на својот тим по одличниот центаршут на Тони Крос од прекин.

Израмнувањето стигна во 65.минута, стрелец на голот беше Перез од пенал. Најстрогата казна ја направи Серхио Рамос.

Победничкиот гол за Реал го постигна Карвахал во 69.минута.

Интересно е тоа што овој натпревар се играше речиси 100 минути, или поточно на истекот на 98.минута главниот судија означи крај на мечот.

Реал Мадрид е лидер на табелата со 31 бод, три повеќе од Барселона која има натпревар помалку.