Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал Мадрид пристигна во Барселона со автобуси без клупски ознаки

Вечерва се игра првото „Ел Класико“ оваа сезона. Фудбалерите на Реал Мадрид пристигнаа во Барселона, но со автобуси без клупски ознаки. Двата автобуса се целосно бели, а на едниот е само испишано „Стравот е непријател“ и „ Нека силата  биде со вас“.

Преземени се и големи мерки на безбедност, пред се поради најавите за протести во пресрет на „Ел Класико“, но и политичката тензија помеѓу Мадрид и Барселона откако каталонски политичари беа осудени за организирање на независност на Каталонија.