Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал по трет пат во низа крунисан за шампион на Европа

Доминацијата продолжува, Реал останува на Европскиот трон. Реал Мадрид со победа од 3:1 над Ливерпул ја освои 13 титула во Лигата на шампионите во нивната историја.

Не успеа ниту Јувентус лани, не успеа ниту Ливерпул денеска да ја прекине доминацијата на Реал во Лигата на Шампионите.

Головите за победа на Реал ги постигнаа Бензема во 51. минута и Бејл во 64. и 83. минута, а за Ливерпул единствениот гол го постигна Мане во 55. минута од натпреварот.

Погледнете го подигањето на трофејот.