Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ревија на прекрасни голови, нов кикс на Манчестер Сити, Ливерпул има шанса за +11

Манчестер Сити два пати водеше на гостувањето кај Њукасл, но на крајот мораше да се задоволи со само еден бод. По 22 минути игра „Граѓаните“ поведоа преку Стерлинг.

Но, радоста на гостите траеше само две минути. На спротивната страна Вилемс погоди за 1:1.

Во 82.минута Кевин де Брујн со фантастичен удар од дваесетина метри му донесе ново водство на Манчестер Сити, но повторно нивната радост траеше кратко.

Четири минути подоцна фантастичен погодок на Шелви од дистанца за конечни 2:2.

Со овој бод Манчестер Сити собра 29 и практично му даде шанса на Ливерпул со евентуална победа против Брајтон да „избега“ на плус 11 бодови.