Фудбал
ВИДЕО: Салах и Мане го носат Ливерпул високо
Мохамед Салах со еден гол и асистенција и Садио Мане со погодок му донесоа нова победа на Ливерпул. Салах погоди во 4-та минута, Мане во 64-та за триумф против Шефилд. Ова е 11 победа во низа за „Црвените“ во Премиер лигата, петта без примен гол. Ливерпул има серија од 37 меча без пораз.
Со оваа победа тимот на Јурген Клоп собра 58 бодови, 13 повеќе од Лестер на второто место и 14 повеќе од Манчестер Сити кој е трет. Веќе никој во Англија не се сомнева дека Ливерпул ќе ја освои шампионската титула.
Standings provided by Sofascore LiveScore