Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Се излечи од коронавирус, па потоа ги „нападна“ новинарите, би требало да се заразите сите

Славниот португалски фудбалски тренер Жорж Жезус (65) допатува во Лисабон од Бразил, каде во претходниот период се лечеше од коронавирусот.

Тренерот на Фламенго по 10 дена го победи смртоносниот вирус, а откако се врати на аеродромот во Лисабон, нималку не беше пријатно расположен за новинарските екипи кои го пречекаа.

Жезус на собраните новинари порача да го остават на мира и дека би требало сите тие да се заразат со коронавирус.

-Оставете ме на мира. Па, зарем ништо не почитувате. Би требало вие сите да добиете коронавирус, изјави нервозниот тренер на новинарите кои го чекаа на аеродромот.

Новинарите немале заштитни маски, а веројатно тоа е причината поради која Жезус беше малку повеќе нервозен.