Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Се запали моторот на Фетел – Хамилтон за нијанса побрз

Луис Хамилтон постигна најбрзо време на патеката „Зандворт“ во Холандија на првиот слободен тренинг. Возачите имаат проблеми да се прилагодат на стазата на која имаше излетувања, а Себастија Фетел и Луис Хамилтон се соочија со големи проблеми со своите болиди кои запреа на патеката.

Фетел до својот тим Астон Мартин пријави дека моторот му е „готов“, а кога почна да излегува чад од запалениот мотор, Фетел застана и од стјуардите крај патеката побара противпожарен апарат, па самиот го гаснеше оганот.