Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Семејството на Вичај Шривадханапраба пристигна пред стадионот

Семејството на сопственикот на Лестер, Вичај Шривадханапраба, кој почина пред два дена во падот на хеликоптерот, пристигна пред стадионот “Кинг Пауер” да им оддаде почит на жртвите на оваа трагедија.

Хеликоптерот во кој беа пет патници, вклучувајќи ги и пилотите, во саботата се стуши на паркингот на стадионот на Лестер и клубот официјално вчера објави дека сопственикот на клубот починал. Оваа трагедија беше потресна за играчите и навивачите на Лестер, кои вчера почнаа да носат рози и шалови пред стадионот.

Денес, на ова место се појави семејството на Вичај Шривадханапраба, кое дошло да им оддаде почит на жртвите на оваа трагедија. Ќерката на Вичи и братучедка починаа во падот на хеликоптерот. Членовите на семејството донесоа цвеќе пред стадионот и беа многу потресени.