Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Сепак, имало и убави моменти на „Ел Класико“

Синоќешното „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид заврши 0:0, но на теренот имаше голема борба. Надвор од теренот, околу „Камп Ноу“ имаше „војна“ на Каталонците со полицијата кои протестираа. Политичката напнатост помеѓу Барселона и Мадрид се пресели и на трибините, а на теренот имаше од се по нешто. На крајот Реал Мадрид се жалеше дека е оштетен.

Но, не беше се така црно. Имало и убави моменти. Еден од нив се Модриќ и Ракитиќ. Кога Модриќ се подготвуваше да влезе во игра, Ракитиќ му пријде и го гушна. Овие двајца фудбалери се добри пријатели, сонародници и колеги од репрезентацијата на Хрватска. Едни од најдобрите фудбалери кои оваа земја ги имала во последно време.