Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шеги на сметка на Роналдо на социјалните мрежи за глумата против Џенова

Јувентус ја совлада Џенова со 2:1 потешко од очекувањата, иако речиси цело второ полувреме имаше играч повеќе на теренот. Клучен момент беше 95-минута кога Роналдо падна во шеснаесетникот, а судијата досуди пенал. Токму Португалецот беше успешен реализатор за победа од 2:1.

Сепак, според многумина, немало елементи за пенал, иако имало мал контакт. Некои медиуми отидоа дотаму што го „пофалија“ Роналдо дека добро глуми. Најгласни се фудбалските фанови на социјалните мрежи. Подолу во текстот само дел од коментарите.