Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Шекил О’Нил го поздрави дебелкото од Конго

Published

on

Конгоанскиот интернационалец Готје Мвумби Тјери е вистински хит на Светското првенство во ракомет, кое се игра во Египет.

Игра за аутсајдер, но ова дебело момче привлекува големо внимание поради неговиот изглед. И не само затоа што има прекумерна тежина, туку затоа што редовно дава по неколку голови на своите ривали, дури и на Данците.

„Никогаш во животот не сум сонувал дека ќе играм на Светското првенство, па затоа треба да дадеш се од себе затоа што тоа може да се случи еднаш во животот. Треба да уживаш во тоа“, рече тој, откако на Аргентина и Данска им даде по четири гола.

Тој стана планетарно популарен, па дури и легендарниот Шекил О’Нил, поранешниот центар на ЛА Лејкерс, го повика.

Мвумби го доби прекарот „ракометен Шек“ и самиот О’Нил се согласи, испраќајќи му многу честитки на Мвумби со видео порака.

„Бев изненаден кога видов дека пораката доаѓа од САД. Тоа е земја на кошарката, а не на ракометот. Јас сум шокиран“, вели Мвумби низ смеа.

Advertisement

Facebook