Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Што се случува на Волгоград арена? Мушички ги нападнаа играчите

Со необичен проблем денеска се соочија фудбалерите и присутните на Волгоград арената.

Додека селекциите на Англија и Тунис го играа првиот натпревар од групата Г, играчите се соочија со необичен проблем.

Илјадници комарци и мушички во еден момент се најдоа на стадионот и направија вистински проблеми за сите присутни.

Со овој проблем се соочија и многу навивачи кои беа пристуни на арената, но и новинарските екипи.

Организаторите велат дека ова не е прв пат, секоја година во месец Јуни на ова место се случува истото. Причината за тоа е што стадионот се наоѓа веднаш до реката Волга.

Веќе се ангажирани хеликоптери кои пред натпреварите прскаат против комарци и мушички.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Тајмаут

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com