Ракомет
ВИДЕО: Шведска ја турна Македонија на колена
Со повеќе од десет голови разлика Македонската женска ракометна репрезентација вечерва загуби од Шведска.
Ова беше претпоследен натпревар од од квалификациите за Европското Првенство во Франција.
Победата на Шведска беше очекувана и пред почетокот на натпреварот, но нашите ракометарки не се откажаа лесно и се бореа до самиот крај.
Натпреварот се играше во СРЦ „Кале“, а заврши со резултат од 20:32.