Ракомет
ВИДЕО: Шведска по 20 години ќе се бори за златен медал, но што правеше Палика, тоа е неверојатно
Селекцијата на Шведска ја совлада Франција со 32:26 и се пласираше во финалето на СП во Египет, каде ќе игра против Данска, која пак беше подобра од Шпанија со 35:33.
Главниот „виновник“ што Шведска по 20 години ќе се бори за златен медал е голманот Андреас Палика. Во првиот дел тој имаше неверојатна одбрана поради која „полудеа“ и коментаторите, а секако можеби е најдобрата одбрана во историјата на светските првенства. Дали историјата ќе се повтори останува да се види, бидејќи Шведска токму во Египет пред 22 години, односно во 1999-та година последен пат стана светски првак во ракомет. Последен пат на еден Мундијал селекцијата на Шведска играла финале во Франција 2001 година кога загуби за златниот медал токму од домаќинот на ова светско првенство.