Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Шведска стана европски првак со гол од пенал во последната секунда

Репрезентацијата на Шведска е победник на 15. Европско ракометно првенство. Шведска се одмазди за поразот од Шпанија на ЕП 2018 и по 5-ти пат стана европски шампион.

Натпреварот беше изедначен во целиот тек, во првото полувреме Шведска постојано имаше водство, но во ниту еден момент тоа не беше повисоко од два гола разлика. Пред самиот крај на првиот дел Шпанија направи пресврт и со предност од 13-12 замина на одморот.

Во второто полувреме Шпанија десетина минути го одржуваше водството, а потоа Швеѓаните повторно ја преземаа предност. Во финишот при резултат 26-26, Кањељас не успеа да реализира напад, а во последните секунди направи и пенал, па Егберг со удар од седум метри донесе победа на Шведска од 27-26.