Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Сите зборуваат за Дончиќ, Леброн и други, а никој не го споменува овој човек

Кошаркарот на Мемфис Гризлис, Морант игра неверојатна сезона.

Фантастичниот кошаркар од Државниот универзитет Мареј без дилема е првиот кандидат за најдобар дебитант, а она што тој го прави на паркетот е спектакуларно.

Вториот избор на минатогодишниот драфт синоќа повторно играше против Кливленд Кавалирс, а од него можевме да видиме многу фантастични потези.

Ова видео кажува доволно за играњето на 20-годишниот кошаркар.

Морант во моментов е во просек од 17,9 поени и седум асистенции по натпревар.