Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: „Славењето на животот“ посветено на Коби и Џиана, вечер со многу тага и емоции

„Стејплс Центарот“ беше домаќин на, веројатно најтажниот момент, од изградбата на оваа величенствена сала. Синоќа се одржа комеморација насловена „Славењето на животот“ во чест на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана.

24.02 беше намерно избран датум. Првата бројка е бројот на дресот на Коби Брајант кој го носеше во последните 10 години од неговата кариера, а бројот 2 го носеше неговата ќерка Џиана која исто така активно играше кошарка.

Бројни личности, спортски легенди, се простија со еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Многумина од нив не издржаа, па ги совладаа емосициите.