Тајмаут
ВИДЕО: Слушајте ја официјалната песна за Светското првенство во Русија
До почетокот на Светското првенство во фудбал, има уште три недели, а организаторите конечно ја презентираа официјалната песна за Мундијалот.
Песната се вика “Live it up” во изведба на Ники Џем и Ера Истрефи, и добро позната холивудска ѕвезда, актер и пејач Вил Смит.
“Тоа е голема чест да ја изведам химната на Светското првенство. Ова е глобален настан кој привлекува луѓе од целиот свет. Соработка со Ники и Ира претставува хармонија и една збирка на различни жанрови. На крајот на денот само сакаме да го видиме светот како танцува”, рече Смит.