Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Со гол и асистенција на Сеад „Хулк“ Колашинац, Арсенал до три важни бода

Арсенал против Свонси освои три важни бода благодарение на Сеад Колашинац.

Гостите презедоа водство преку Клукас во 22-тата минута, но домаќинот потоа дојде до пресврт. Колашинац постигна гол за 1:1 по асистенција на Озил во 51 минута, а седум минути подоцна му асистираше на Ремзи за победа на Топџиите. Колашинац со овации го напушти натпреварот во 78. минута.

Арсенал сега е четврти со 19 поени, додека Свонси е чекор подалеку од опасната зона.