ВИДЕО: Солзи, тешење, разочарување, крај на една „златна“ тениска генерација на Србија

Во драматичен финиш репрезентацијата на Србија е поразена во четвртфиналето во Дејвис Купот од Русија. Тандемот Ѓоковиќ –Троицки беа на еден или два удари до полуфиналето, но сепак загубија на крајот (2:1 во сетови).

Имаше многу емоции по овој меч. Ова беше последен натпревар за Виктор Троицки. Тој се повлекува. Солзи, тешење, разочарување, сето тоа можеше да се види по самиот меч, но и на прес конференцијата. Ова е крај на една „златна“ тениска генерација на Србија.