Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Сон, сепак допатува со тимот во Белград, ќе настапи ли против Црвена Звезда?

Иако англиските медиуми пред само еден ден објавија вест дека Кореецот, Сон би можел да го пропушти мечот против Црвена Звезда во Лигата на шампионите, сепак тој допатува во Белград со тимот.

Медиумите од „Островото“ објавија дека фудбалерот на Тотенхем е во шок откако по неговиот старт играчот на Евертон Андре Гомеш заработи скршеница на глуждот на ногата.

Натпреварот Црвена Звезда – Тотенхем се игра утре. Првиот меч во Лондон заврши со 5:0 во корист на англискиот тим.