Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Сон со два гола во Белград, а наместо прослава бараше прошка од Андре Гомеш

Не само што се опорави од шокот, туку Кореецот Сон на најдобар можен начин покажа колку е важен за Тотенхем. Вечерва на гостувањето кај Црвена Звезда неговиот тим славеше со 4:0, а тој беше стрелец на два гола. Покрај тоа запиша и една асистенција.

Ло Челсо и Ериксен постигнаа по еден за втор убедлив триумф против српскиот тим за само две недели. Сепак, наместо бурна прослава, Сон головите ги одбележа со тоа што бараше прошка од Андре Гомеш, врз кого стартуваше минатиот викенд, а резултат на тоа беше скршеница на ногата.