Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Србија со смешен автогол се посрамоти, Хрватска го одбрани домашниот терен

Србија иако важеше за фаворит освои само еден бод во Даблин кај Република Ирска. Се одлепи од врвот на групата А со денешното реми на тешкото гостување во Ирска (1-1).

Домашен триумф запиша Хрватска на дуелот со Словенија (3-0). Марко Ливаја го отвори резултатот и ја круниса подобрата игра на „коцкестите“ во првиот дел. За да нема никакви дилеми се погрижија Марио Пашалиќ и Никола Влашиќ.

На останатите два меча во групата Х бодовите завршија кај Русија против Малта (2-0), односно кај Словачка на дуелот со Кипар (2-0).