Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Србите поради репрезентацијата предизвикаа нереди во Виена

Навивачите на репрезентацијата на Србија, кои живеат во главниот град на Австрија, предизвикаа нереди по вчерашниот натпревар на оваа селекција против Бразил.

Тие беа изреволтирани од поразот на „Орлите“ на светското првенство и околу 200 навивачи на репрезентацијата на Србија излегоа на улиците, го блокираа сообраќајот и извикуваа националистички патроли.

Набрзо реагираше и полицијата и дојде до пресметка. Тие фрлаа кон полицијата со пиротехнички средства и шишиња, но набрзо беа растерани од улиците.

Сличен инцидент се случи и по натпреварот со Швајцарија кој србија исто така го изгуби. И тогаш полицијата успеа да ги совлада, но прашање е колку ќе се толерираат ваквите работи.