Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Страшна несреќа на Индикар – тркалото преку ограда во публика

Страшен пад во неделното 107 трка на Индијанаполис 500 предизвика трката да запре на 15 круга пред крајот или во 185. круг од трката. Возачот Феликс Розенквист изгубил контрола над возилото и удрил во ѕидот пред Хондата на Кајл Кирквуд. Тогаш Кирквуд исто така изгуби контрола над својот болид и налета на бариерата и се лизна наопаку на патеката.

Едно од тркалата излета и прелета преку оградата во свиокот два, а само по среќа помина преку трибината и удри во автомобил на паркингот, а не во некој од гледачите на трибините. Да беше обратно, којзнае какви би биле последиците. Трката продолжи кога остатоците беа расчистени и отстранети болидите, а конечен победник за прв пат во кариерата беше Џозеф Њугарден.

 

Facebook