Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Струга претрпе голем пораз од Пролет

Тинекс Пролет го одбрани домашниот терен и ја надигра Струга (23-15) во рамки од 7. коло од македонската Суперлига. Избраниците на Матлиески го оставија зад себе разочарувањето од поразите од КЛ7 и од Охрид, беа посилни и од заморот по четвртиот натпревар за осум дена, во голем стил триумфирајќи над стружани.

Давор Палевски со девет погодоци и Ласко Андоновски со пет гола беа прими имиња во редовите на победничкиот тим, на другата страна Јанкуловски, Димитријески и Николиќ имаа по три гола.

Ова беше четврта победа за Пролет во шест одиграни меча, а со трите бода собра 12, доволно за да се пробие на второто место, зад лидерот Охрид со 18. Струга остана на 10 бода, на четвртата позиција. Тимот од истоимената скопска населба пред само два дена го победи Радовиш, сега се справи со Струга, а веќе во вторник игра и трет дуел во рок од шест дена, на гости кај Јуниор Кисела Вода.