Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Суарез бараше пенал затоа што голманот на Чиле играше со рака!

Селекцијата на Уругвај ја освои првата позиција откако вчера запиша минимална победа над Чиле од 1:0.

Така Уругвај од првото место во групата ќе оди во четвртфиналето на Копа Америка, а херој на вчерашната обеда беше Едисон Кавани кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 82-та минута.

Освен Кавани во центарот на вниманието во овој натпревар се најде и Луис Суарезпоради неговиот неверојатен потег. Тоа се случи во 22-та минута кога Суарез бараше пенал затоа што голманот на Чиле играше со рака.

Овој детал ги насмеа сите, веројатно и самиот Суарез кога сфати што направил. Тој успеа да го помине голманот на Чиле и да шутира, а после интервенцијата на Аријас топката заврши во корнер.

Суарез во тој момент веднаш му сигнализираше на судијата, меѓутоа изгледа брзо сфати дека станува збор за голманот на Чиле.

Извор: Sportski.mk

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com