Фудбал
ВИДЕО: Суперкласико Ривер Плата-Бока Јуниорс заврши со победа на Бока и 2 црвени картони
Бока Јуниорс го победи Ривер Плејт со 2:1 во најголемото аргентинско дерби кое вообичаено помина со многу тензии, убави голови, жестоки дуели, црвени картони.
Доказ за жестокоста на дербито се и десетте жолти картони покрај двата црвени.
За Бока Јуниорс ова беше максимална осма победа во аргентинската Суперлига, Ривер има три победи, три нерешени средби и два пораза.